Ајровски за ситуацијата во Дебар и Центар Жупа: Населението строго ги почитува мерките, снабденоста на маркетите е редовна

image

You must need to login..!

Опис

Телефонско јавување во „Утрински брифинг“ имаше Феми Ајровски, раководител на ЦУК од кризното подрачје во Дебар.

-Во Центар Жупа и Дебар е тешко, но под контрола, бројот на заболени е 16 лица, а изолирани се 47. Формиран е Кризен штаб кој ги презема сите мерки согласно планот донесен од главниот штаб за управување со кризи.

Населението строго ги почитува мерките на Вадата за движење и е сведено на итни потреби. Затекнатите 82 лица меѓу кои и странски државјани сместеи се во хотели, снабденоста на маркетите е редовна.

Се работи според процедурите за управување со кризна состојба и професонално ја менаџираме ситуацијата со поддршка на локалните единици и другите субјекти за управување со кризи, рече Ајровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − two =