Ајдари: Влада пристапува искрено и со голема верба во изнаоѓање решение за проблемот со Бугарија

You must need to login..!

Опис

Нашиот политички врв навистина направи сериозни напори и со средбата со бугарските власти и со обидите да се најде едно решение, да се излезе од статус кво со Република Бугарија, состојба која е тешка за граѓаните и не е во нивен интерес.

Граѓаните заслучуваат да има унапредување на ваквиот процес и унапредување на евроинтегративните процеси на нашата земја. Владината делегација пристапи со нови идеи нови предлози кои навистина се надеваме дека во текот на денот и наредниот период ќе ги прифати бугарската страна. Меѓутоа треба да се има предвид дека Бугарија има техничка влада и во моментот нема политичка тежина и политичка готовност за да преземе одговорност од овие размери односно да донесе политичка одлука и јас искрено се надевам дека во текот на следниот период со помош на нашите партнери и нашите сојузници од Брисел и Вашингтон ќе можеме сите заедно да придонесеме да се откочи целиот овој процес.

Мислам дека нивните декларации сепак не се точни, сакам да потенцирам дека нашата владина делегација и нашата Влада пристапува најискрено и со голема верба дека ќе се изнајде решение и дека ќе имаме еден договор со кој ќе одиме напред со процесите, изјави за УБ пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари.

Целиот разговор со Рина Ајдари погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − 3 =