Ацевски од Македонија пат: Возачите да внимаваат на деловите каде што има одрони

You must need to login..!

Опис

-Сите патни правци се проодни. Забраните за тешки товарни возила се укинати и сообраќајот се одвива нормално , изјави за Утрински брифинг Костадин Ацевски, директор на ЈП Македонија Пат.

-На повисоките места има остатоци од кашест снег, но се е опесочено, фрлено е сол. Механизација и расположливи средства никога нема доволно, ако се земе предвид дека долго време механизацијата во ЈП за одржување на магистрални и регионалнио патишта не била соодветно обновувана. Пред извесен период набавени се нови специјални возила, но тоа е далеку од доволно.

1

-Но со капацитетите што ги имаме, кои сметам дека се задоволителни, мислам дека сега за сега може да се справиме со состојбата.

-Сол и ризла имаме обезбедено во доволни количини. Градежни зафати моментално не изведуваме, сконцентрирани сме на зимското оддржување и препорачувам да се внимава на делот каде што има одрони и за кој треба поспецифични зафати, додава Ацевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two + six =