Ацевски: Главната победа ќе ја извојуваме во моментот кога колективниот имунитет ќе се подигне над ситуацијата

You must need to login..!

Опис

Компанијата „Алкалоид“ во моментов работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси кои се на располагање.

Направена е реорганизација на сите процеси со цел да се задоволат барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство.

Согласно вонредните услови на функционирање во „Алкалоид“ приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови.

Доставата до аптеките и дистрибутерите (ланците маркети) можно е во овој период да се одвива со мал застој но тоа е првенствено заради неумерените набавки од страна на домаќинствата и очекуваме дека наскоро истото ќе се надмине.

„Алкалоид“ цврсто ќе остане на одлуката да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочуваме.

Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти.

Фармацевтите се здравствени работници кои се во прва линија на удар во услови на прогласена пандемија.

Затоа тие имаат значителна и клучна улога во спроведување на здравствените политики и планови за справување со пандемијата.

Пандемијата значително ќе го зголеми морбидитетот и морталитетот кај населението, а со тоа автоматски ќе се зголеми побарувачката на лекови и помошни лековити средства во аптеките. Фармацевтите мора да бидат едуцирани и подготвени целосно да се справат со ургентната ситуација и зголемената побарувачка на нивните услуги.

Главната победа ќе ја извојуваме во моментот кога колективниот имунитет ќе се подигне над ситуацијата. Здравствените навики треба дасе менуваат. Се менува технологијата и начинот на живеење. Живеевме во комотна зона. Ова што се случува ќе остави последици че мора да се смени налинот на живеење, изјави во Утрински брифинг Д-р сци. фарм. Стевче Ацевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 8 =