Атовска од Украина: Улични борби во Киев, жариште останува Мариупол – се киднапира и убива

You must need to login..!

Опис

Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска утрово јавува за најновите случувања во земјата која речиси еден месец е цел на жестоки напади на руската воена машинерија.

-Во Лвив можеби беше најмирната ноќ, но тоа не важи за другите градови. Цела ноќ се слушале пукања, гранатирање. Киев останува жириште, информациите велат дека има и улични борби. Секако Мариупол останува централна жаришна точка за која што се водат најголем делл од битките, но и се вложуваат најголеми напори да се спасат луѓето. Во овие неколку денови Мариупол е најбруталното место во цела Украина.

-И ние новинарите овде добиваме предупредувања, нови инструкции што не смееме да објавуваме. Останува забраната за зградите од стратешки интерес, но од украинската Влада не известија дека не треба воопшто да ги кажуваме точните локации кај што се одвиваат настаните, вели Атовска.

Најновите случувања во Украина ги анализираше и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ кој рече дека официјално е обелоденето дека Мариупол е важен заради индустриските центри, челичаните. Тоа е најголемото пристаниште на Азовското море.

-Хуманитарната криза за жал е последица што во овој град беше упориште на десниот центар, кој според информациите на Русите е местото од каде што треба да тргнат и да удрат на Доњецк.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − 19 =