Атовска од Украина: Ужас во Буча – расфрлани тела, убиени цивили, обид за масовни гробници

You must need to login..!

Опис

Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска и денеска е во Киев и јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската армија.

-Бурен викенд во Украина. Од утринава од 06 часот повторно е возможно да се излезе од градот со возила. Вчера и завчера сите кои се обидоа беа вратени од армијата, затоа што како што изјавија имало многу расфрлени тела по улиците и не се пропуштаа луѓе да ги гледаат тие глетки. Најавија дека сите региони околу Киев, освен централните делови на главниот град се под полициски час до утрина до 06 часот.

-Вчера Армијата конечно влезе во Буча, предградието на Киев и фотографиите се застрашувачки. Буквално во Буча можевме да видиме расфрлани тела, врзани па убиени цивили, дури и обид за масовни гробници. Буквално сите се згрозени од таа глетка.

-Продолжува акцијата за отстранување на мините во Ирпин и се соопштува дека за неколку денови ќе може да се влезе во Ирпин.

-Медиумите и властите она што се случи во Буча го класифицираат и нарекуваат обид за геноцид и се бара од меѓународната јавност да го класифицира како геноцид, изјави Атовска.

Целата репортажа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen − 17 =