Анализа на Андоновиќ и Атовска од Украина: Продолжуваат нападите на Харков, убиен француски новинар

You must need to login..!

Опис

-Продолжуваат нападите на Харков по посетата на претседателот Зеленски. Украинците известија дека шест улици во Харков, во текот на вчерашниот ден биле цел на напад. Има и загинати, јавува Кристина Атовска, специјалниот репортер на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ која е во Киев, Украина, од каде известува за најновите случувања во земјата.

-На истокот продолжува активно гранатирање во неколку градови. Најопасно е во Доњецк и Луганск.

-Во Луганск вчера загина француски новинар, а во посета на државата беше и франснцуската министерка за надворешни работи. Во Луганск седи заглавена колона од 40 цивилни возила, за кои претходно било договорено да се евакуираат, но Русите не ја дозволиле таа евакуација. Со денови стојат, а во обид уште неколку цивилни возила да се придружат на таа колона Русите стрелале на тие неколку возила кои се обиделе подоцна да се приклучат, а токму во тие возила се наоѓал францускиот новинар, јавува Атовска.

Целата репортажа на единствениот македонски новинар кој известува од Украина погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × four =