Атовска од Украина: Киев цела ноќ и цел ден е под сирени, но сепак се чувствуваме малку побезбедно

You must need to login..!

Опис

Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска и денеска е во Киев и јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската армија.

-Киев цела ноќ и цел ден е под сирени, но сепак се чувствуваме малку побезбедно. Од киевската администрација информираа дека ноќта помина мирно.

-Она што можам да го кажам дека два дена се тресе тлото под нозете, се слушаат звуци кои наликуваат на грмотевици, а чувството под нозете е како да се наоѓате на трусно подрачје. Но тоа не е така затоа што Русите бомбардираат наоколу. Ако се наоѓате во центарот на градот, тогаш војниците ви пристапуваат и ви велат дека тоа е украинската против воздушна одбрана.

-Веќе и граѓаните се навикнаа да ги слушаат овие звуци. Киевската администрација ги потсетува луѓето да не ги напуштаат своите домови ако за тоа немаат потреба, од друга страна ги повикуваат бизнисите во оние безбедни делови на Киев, да се вратат на работа, да ја поддржат економијата.

-Дел од ресторанчињата, веќе почнуваат да отвораат. Граѓаните се известени што и каде работи. Можам да кажам дека властите се трудат да го вратат живото на нормала.

Целата репортажа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen − seven =