Атовска од Украина: Грозоморно, пост-апокалиптични слики од Ирпин и Буча

You must need to login..!

Опис

Специјалниот репортер од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската воена машинерија.

-Вчера ги посетив двете преградија на Киев – Ирпин и Буча. Многу е тешко да се опише сликата што може да се види. Сликата е грозоморна.

-Нема останато ниту една куќа, зграда, која не е ракетирана или изрешетана.

-Кога ќе влезете во Ирпин сликата е пост-апокалиптично, но кога ќе стигнете во Буча сфаќате дека и од тоа има пострашно. Не се извадени сите тела. Има тела по улиците и под урнатините, вели Атовска.

Таа зборуваше и за уништениот чеченски конвој кој се борел на руска страна, како и за нејзиниот контакт со чеченска сепаратистичка група која се бори на страната на Украина.

-Чеченските борци кои се врзани со Путин ги нарекуваат Путиновци или Кадировци, но вистинските Чеченци се борат на страната на Украина, ни рече еден Чеченец кој во 2014 година се борел на украинска страна во Донбас, а сега е во Киев, вели Атовска.

Целииот извештај погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − fourteen =