Атовска од Украина: Војната ќе потрае

You must need to login..!

Опис

-Нема изгледи дека војната брзо ќе заврши. Сега целиот фронт е преселен на источниот дел на Украина. Во текот на ноќта имаше седум напади на Донбас, Одеса беше нападната од море, така што буквално целиот фронт е преселен на источната страна, јави специјалната репортерка од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска, која известува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската армија.

-Се цели на инфраструктура. Токму синоќа украинската армија објави фотографии дека повеќе не постои меѓунаордниот аеродром во градот Николаев.

-Нема изгледи дека сето ова на истокот бргу ќе заврши, јавува Атовска.

-Се поддржуваат сите видови санкции против Русија и гласањето во Советот за човекови права и сите го искоментираа фактот дека конечно Русија ги призна загубите за кои украинската армија, но и западните разузнавачки служби постојано тврдат колкав е тој број. Вчера излезе податок дека 19.500 руски војници се загинати на боиштата, додава Атовска.

Целиот извештај погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − 11 =