Атовска: Од Мариупол пристигнуваат 1000 евакуирани граѓани, меѓу нив и новинари и активисти кои се мета на киднапирања

You must need to login..!

Опис

Специјалната известувачка за „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ од Украина Кристина Атовска јавува дека попладнево во Лавов, во 13 часот по локално време, со воз пристигнуваат 1.000 украински граѓани евакуирани од најпогодениот источен град Мариупол.

-Околу 1.000 граѓани од Мариупол пристигнуваат денеска на железничката станица во Лавов и од таму ќе бидат згрижени во прифатните центри во градот. Во овој конвој на извлечени граѓани од најтешко погодениот украински град има и новинари и хуманитарци кои се мета на киднапирања од страна на руските сили. Мариупол е најопасната точка во Украина и за хуманитаци и новинари зошто овие луѓе таму се киднапирани и некои од нив ќе пристигнат заедно со другите евакуирани од овој град, известува Атовска.

Таа додава дека голема утеха за украинските граѓани во моментов е и најавената помош од Европската унија од 500 милиони евра.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twenty − 9 =