Атовска од Лвив: Украинците очекуваат оружје од НАТО

You must need to login..!

Опис

Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска утрово јавува за најновите случувања во земјата која еден месец е цел на жестоки напади на руската воена машинерија.

-Од НАТО Самитот Украинците очекуваат добивање оружје. Постојано велат дека тоа е најпотребно за да се одбранат од рускиот агресот.

-Вчера беше одбележан еден месец од почетокот на војната. Градоначалникот на Лвив оддржа прес-конференција на која што ги истакнаа најважните работи.

-До сега 200 000 луѓе најдоа засолништво во овој град. Сега градот има потреба за поголема логистичка реорганизација. Вчера генералот и градоначалникот ги повикаа бизнисите да ги преселат во Лвив за да им помогнат на граѓаните. Бројот на загинати деца достигна до 135, вели Атовска.

Најновите случувања во Украина ги анализираше и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ кој рече дека општиот впечаток е дека Белорусија на мала врата функционира во целава работа.

-Белорусија е државата која отворено и дава простор на Русија преку територија да функционира, а некако многу малку се спомнува во медиумите.

Целата дискусија погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven − 9 =