Атовска од Киев, Украина: Војната ќе се разгорува

You must need to login..!

Опис

-Драматични поместувања на линиите на фронтот можеби немаше, но имаше драматични бомбардирања во одредени делови и тоа во оние градови кои се од оваа страна на линијата на фронтот, како што е градот Николаев, јавува од Киев, Украина репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска.

-Таму се случува тешко бомбардирање во последните неколку денови: Украинската армија вчера рече дека напредувала околу десетина околу градот Мелитопул, која линија води до окупираниот град Херсон. Изразија надеж дека ќе стигнат кога тогаш до таму, до Херсон, и ќе го освојат, додава Атовска.

-Но она што најмногу го одбележа викендов во Украина е масовното внесување на оружје од двете страни. Знаеме дека овде пристигна и западното оружје која долго го бараше украинската армија, но мжевме да забележиме, беше објавено едно видео со еден воз, кој Русите го внесоа од окупираните делови, кој е прилично долг и полн со тенкови. Освен внесувањето на тенкови Русија трупа оружје и во Црното море.

-Донесе бродови полни со ракети, подморници кои носат со ракети, што значи дека војната, воените активности само ќе се разгоруваат, анализира Атовска.

Целиот извештај погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one + 3 =