Атовска од Киев: Одеса повеќе не е мирен град

You must need to login..!

Опис

-Ако вчера соопштив дека претседателот Зеленски ја потпиша Истанбулската конвенција, дознавме и дека всушност европската тројка која беше во посета на Украина дошла со папка полна барања кои се услов за влез во Унијата. Можеби не знаеме што носеле во тие папки кога се однесува за преговорите со Русија, но веќе почнаа да се гледаат оние барања кои тие ги донеле, а се однесуваат на ЕУ, јавува од Киев, Украина репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска.

-Доцна синоќа Врховната Рада, ја ратификуваше Истанбулската конвенција, а беа донесени уште неколку закони, кои исто така се услов за влез во Унијата.

-Можеби најаважниот од нив е Законот за борба против корупција, па така Парламентот ја изгаласа таа антикорупциска стратегија. На нивниот дневен ред се најдоа и Законот за менаџирање со отпад и Законот за шуми.

-Во текот на вчерашниот ден во Украина имаше и Висок претставник на ООН, кој треба да ги испитува злосторствата против цивилите. Тој детектираше нешто над 4.500 цивилни жртви и уште исто толку повредени.

Целиот извештај погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 + twenty =