Атиџе од „Медена земја“доби стара куќа, сега собира пари да ја опреми за живеење

You must need to login..!

Опис

„Медена земја“ можеби не и донесе финансиска сигурност на главната протагонистка Атиџе Муратова, но и донесе нови пријателства, кои се трудат да и помогнат. Едно такво пријателство со познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева ја донесе Атиџе во Скопје, каде што викендов се одржа хуманитарен базар, а средствата од продажбата беа наменети за опремување на куќата што таа ја доби за улогата во документарецот.

-Задоволна сум од настанот, дојдоа многу луѓе, собраните пари ќе ги наменам за куќата да ја опремам.Треба да се направи подот и фасадата.Само една соба е адаптирана за живеење, нема покуќнина ниту мебел. Таму недостасува буквално се, нема ниту ќебиња, ниту прибор за јадење. Во бањата не функционира бољерот, има само вода и струја, рече Атиџе. Пред да ја купат куќата, никој не ја консултирал Атиџе. Според неа, подобро и поефтино ќе било да почнат нова куќа од темел, макар и една соба, ама да била соодветна за живеење. -Во селото немаше подобри куќи, повеќето се стари и уште полошо изгледаа. Јас им викав да не брзаат, ама не ме послушаа. До сега јас од „Медена земја“ не сум земала пари, од сега како ќе биде не се знае, вели Атиџе.

Атиџе деновиве престојува во Скопје, во домот на Сузана Турунџиева, со која планира да зачекори во музичките води. -Подготвуваме песни заедно со Сузе, штом ќе се отворат границите, планираме да одиме во странство, да пееме, вели Атиџе. Нејзината мајка на смртната постела и оставила аманет, да не престане да пее, и остатокот од животот да го помине пеејќи. Се додека има добри и хумани луѓе, ќе и помагаме на Атиџе, вели Турунџиева.

-Ќе и покажеме на Атиџе дека не е сама во целата оваа неприлика. Таа претходно го немала овој трошок што го има сега. Таа порано ја имала кравата и пчелите во Бекирлија, немала струја, и не се грижела за сметки. Сега треба да плаќа сметки за струја за куќата во Дорфулија. Предизвикот е голем, треба да среди руинирана куќа и да ја одржува со приход од само 4.000 денари од социјална помош. Јас ќе се обидам и со помош на моите колеги музичари, да направам нешто добро за Атиџе, па можеби и да и помогнеме да гради музичка кариера. Ќе ја споменам Марија Дивјаџо, нашата најуспешна Македонка во дијаспората, со живеалиште во Њу Јорк, но потекнува од Крива Паланка, Фросина Васевска го направи дизајнот на маските, ќе го поменам и Бифе Тафталиџе каде што се одржа настанот, вели Сузана.

Таа додава дека Атиџе не била вклучена во ниту една калкулација, нема писмен договор, ниту процент од ниту една награда која е добиена. -Претпоставувам дека имало пари кои требало да бидат поделени на тимот, но Атиџе не добила ништо, вели Турунџиева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =