🎥 Атанасов: Јанкуловски на незаконски и шверцерски начин се обидува да добие втор мандат за ректор

You must need to login..!

Опис

Според Законот за високо образование има два датуми за избор на нов ректор. Најдоцна мора да се избере до 15 јуни, а постапката да започне април-мај. Но овде морам да кажам дека за време на вонредна состојба има уредба во која се вели дека се додека истата е на сила не смее да се продолжуваат постапките кои започнале претходно. Поточно, вонредната состојба завршува во сабота, а сегашниот ректор Јанкуловски постапката ја започнува додека владината уредба не ја дава оваа можност. Истовремено нарушува неколку клучни точки во самиот механизам на избор и работи против законски, изјави за Утрински брифинг поранешниот заменик министер за образование и наука Петар Атанасов за последните случувања околу изборот на новиот ректор на УКИМ.

Ректорот Јанкуловски веќе две години не ја почитува надлежноста или позицијата претседавач на Совет кој според новиот Закон за високо образование треба да биде од редот на сенаторите. Јанкуловски си остана на таа позиција и ги правие овие дејствија со кои всушност создава судир на интереси.

Имено тој е ректор, претседавач со Сенатот и кандидат за втор мандат за ректор. Во сите овие активности прави и процедурални прекршоци со тоа што најавува дека процедурите, програмата, најавата за новите кандидати за ректор ќе трае само 5 дена. Но позицијата ректор е повисока од позицијата декан а во законот за позицијата декан програма и документи се даваат во рок од 30 дена.

-Она што го видовме на седницата на Сенат е непроцедурално, нестатутарно избирање на комисија, горе доле во една регуларна постапка, но со сите аномолаии. Беше тажно да се гледа Сенатот на УКИМ како 7-8 саати беше малтретиран од страна на ректорот дека мора да се избере Комисија во момент кога уредбата на Владата тоа не го дозволува. Јанкуловски не ги почитува ниту статутарните одлуки, ниту законот и сето ова личи на обид за насилнички избор на ректор и шверцерски обид во матна вода да се добие мандат, вели Атанасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − 5 =