Атанасов: Се повеќе има „ќутолози“ околу лидерот, демократските процеси ќе мора да зајакнат внатре во сите партии

You must need to login..!

Опис

Станува многу поважно што се случува во владејачката поличка партија, на желба на владејачката партија – СДСМ и тоа се промовира како некаковв голем политички, демократски успех, но гледаме дека оваа приказна со членството на големите политички партии продолжува. Се сеќавам кога ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека има 180.000-190.000 челнови. Овој викенд СДСМ се пофали со околу 70.000 активни членови. Мене ми остава впечаток, погледната од општествен ракурс, ние полека како да стануваме заложник на оваа политичка партија, пред се на нивното членство. Излегува дека додека ДУИ се гриужи за АЛбанците, СДСМ започнува да се грижи само за своето членство. Изгледа за гграѓаните нема да има кој да се грижи, но да се надеваме дека не е така. Изјавата на премиерот дека овие внатрепартиски избори нема да вилјаат врз персоналниот состав на владата ни дава еден впечаток дека во втортата фаза на владеење големите политички партии кај нас повеќе се бават со себе. За жал еве и ВМРО-ДПМНЕ пред се се бави самата со себе, СДСМ започнува да ги зацврстува своите редови – се чини дека полека станува или се насочува кон своето членство, а ние како општество и понатаму ќе ги гледаме успесите на партиите, а граѓаните ќе остануваат незадоволни, сиромашни и ќе заминуваат од државата , изјави во Утрински брифинг, универзитетски професор и поранешен функционер на СДСМ, Петар Атанасов.

Можеби на прв поглед изборот изгледа многу подемократски, но од другата страна се додека лидерот или претседателот на политичката партија ги менува или разрешува претседателите на општинските организации, тука нема некаков голем баланс. Се разбира, овој избор треба да се поздрави, но јас мислам дека во сите тие три – четири големи политички партии во државава се уште не стигнале демократските процеси. Кога последен пат сме слушнале дека од внатре имаа некоја дебата, различно мислење. Во времето кога јас бев активен имаше и големи дебати, за големите промени, потези, за најавата на законите. Се повеќе има ќутолози околу лидерот, демократските процеси ќе мора да зајакнат внатре во сите партии, смета Атанасов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − five =