Атанасов: „Брако“ постави светски стандарди, иднината е во возилата на водороден погон

You must need to login..!

Опис

Брако го презентираше првото возило на водороден погон во Европа. Станува збор за еколошка машина за чистење на улици и јавни површини. Испушта вода наместо издувни гасови кои ја загадуваат животната средина. Новиот модел е целосно развиен и произведен во велешката компанија. Веќе се извезува и користи во повеќе европски земји и пошироко.

Амстердам, Утрехт и Ротердам први ќе ја одржуваат хигиената со водородното возило. Голем интерес за машината има и надвор од Европа. Во Македонија не може да се употребува за чистење на улиците бидејќи кај нас нема хидрогенска инсталација.

Водородната машина е наша последна иновација која што е новина на светско ниво. Во оваа категорија на машини ние сме правата компанија што претставува ваков тип на возило, кое користи водород како погон без емитување на штетни издувни гасови. Решението е доста флексибилно и универзално, може да се користи и во земји каде што има изградено инфраструктура т.н водородни станици за полнење, каде што користиме фиксен резервоар кој што е вграден во машината. За региони каде таа инфрастуктура се уште не е изградена, понудивме решение и за такви услоиви т.н кертриџ систем или систем на изменливи боци. Операторот, сопственикот на машината во тој случај набавува одредена колична на боци кои ги има во негова сосптвеност ии во договор со некој оператор кој може да направи дополнување на боците со водород да не биде обврзан да се појави на станица за полнење со возилото, туку само боците се дополнуваат, транспортираат и се враќаат во депото. Ова е аксимално флексибилно решение за сите пазараи да го користат бенефитот од ова ново годриво, кое според сите анализи е гориво на иднината, изјави во Утрински бирифнг Иле Атанасов од „Брако“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =