Атанасовски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица да не се отвораат вратите на попишувачите е антидржавен потег

You must need to login..!

Опис

Веројатно сме единствената, или колку што имам иинформации заедно со Сомалија држава што нема попис, што е е еклакантен пример за еден огромен меѓународен срам, бидејќи и претставниците од ЕУ перманетно во своите извештаи во последниве 10 години, велат дека земјава како претендент за члество во ЕУ е недопустливо да нема спроведен попис. Сите релевантни чинители кажуваат дека пописот е или треба да биде само обична статистичка операција која с спорведува по закон, но за жал кај нас пописот секогаш бил негиран или врз него се фрлале темни петна за неговата веродостојност во однос пред се на етничките податоци. За жал ова се случува тука, во Бих, во Либан, изјави во Утрински брифинг историчарот Благојче Атанасовски.

Фелер во Рамковниот договор е тоа што кога беше потпишан се предвиде тој договор со едни етнички квоти каде се гарантираат етничките права на зедниците. Таму се вметнаа бројки, верувајќи дека во иднина нема да може да се случи бројот, пред се на албанската заедница да падне под 20%. НМо како што глеадме во Македонија се случува таа бела чума, но не верувам дека ќе се враќаме кон иреверзибилен процес на веќе стекнати и граѓански права. Јас и лично сум противник на одземање на веќе стекнати права.

Целиот разговор со Атанасовски во кој говори за повикот на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не се отвораат вратите на попишувачите, како и за перцепцијата на корупцијата погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 2 =