Атанасовски: Заев стапна на сопствената нагазна мина – заборави дека од другата страна не седи Ципрас

You must need to login..!

Опис

Во најмала рака изјавата на Заев беше со право скандализирано дочекана во македонската јавност. Заев по решавањето на македонско-грчкиот спор за кој многумина мислеа дека е нерешлив, се стави во еден филм дека тој ќе биде новиот Нелсон Мандела.

Постојано форсира фина реторика, не одеше на потхранување на национализмот, но тој нагази на сопствена нагазна мина од едноставна причина што се обиде да го реши проблемот со Бугарите како што го реши со Грците. Но од грчка страна имавме еден атипичен европски политичар во ликот и делото на Ципрас, кој се трудеше да не ги навреди македонските граѓани, да ги повреди националните чувства и немаше омаловажувачка реторика. За разлика од Ципрас, сега Заев ги има политичарите од типот на Каракачанов, Захариева, Џамбаски кои даваат крајно неевропски, омаловажувачки, па и би рекол фашистички изјави со кои се хистеризира јавноста, изјави во Утрински брифинг аналитичарот и историчар Благојче Атанасовски, и додаде дека Заев претерано многу збори, особено не размислува дека на вакви чувствителни теми треба пет пати да помислите пред да дадете сопствена изјави или аргументација.

-Не зборите за отворање на некој спортски објект па може да ви се случи некој гаф. Се дадоа квалификации со кои се навреди чувството и достоинство, не само на македонскиот народ , туку и останатите етникуми кои ни даваат поддршка во однос на негирањето на нашиот идентитет. Заев колку и да сака да биде допадлив, вие не можете да го решите историскиот, децениски спор меѓу Македонија и Бугарија, доколку на другата страна немате еквивалент на Зоран Заев во неговите изјави, вели Атанасовски.

Појавувањето на Црвенковски, после негово седумгодиншно заветно замолчание дека нема да дава изјави во јавноста, е некој знак или палење на црвеното светло дека и во решавањето на проблемите со соседите и еден Зоран Заев се претерал, бидејќи освен тоа што се навреди националното чувство и гордост, се постави прашњето дали со својата недугава и неумесна изјава, Заев ја поткопа и државноста на Македонија а тоа е АСНОМ. Утредента видовме и објаснување, но интересно дека реакцијата на Црвенковски е заради анулирањето на партиската историја и идеологија на СДСМ, бидејќи таа почива исклучиво на антифашистичката борба, вели Атанасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 10 =