Атанасовски: Длабоката држава не е заинтересирана Северна Македонија да влезе во ЕУ

You must need to login..!

Опис

Постои ли длабока држава во Македонија? Како македонската јавност реагира во однос на конфликтот во Украина?

-Од првиот ден кога започна агресијата на Русија врз територијалниот интегритет на Украина, бев иритиран од злорадосното реагирање на Македонци кои ги поврзуваа состојбите со украинскиот и македонскиот народ, вели за Утрински брифинг аналитичарот Благојче Атанасовски.

Атанасоски ја истакнува изјавата на Путин дека Украинсците се вештачка творба како народ, што е израз кој и ние често го слушаме за нас. Тој вели дека нашата фрустрација од односите со ЕУ не смее да се рефлектира со негативен став кон украинскиот народ.

-Напротив ние треба да бидеме сочувствителни со Украинците оти и ние имаме доживеано да бидеме окупирани од соседна земја, Бугарија, вели Атанасовски.

Атанасовски смета дека длабока држава е поширок комплот од групации од различни општествени сфери кои реагираат бурно и создаваат фрустрација секогаш кога Македонија ќе направи исчекор кон почеток на преговорите со Европската унија. Длабоката држава не е заинтересирана Македонија да влезе во ЕУ, туку Македонија да остане дел од српскиот свет, при што мислам на тамошната длабока држава, вели Атанасовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × two =