Атанасовски: Бугарија со ветото ја изгуби шансата да биде моторот на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан

You must need to login..!

Опис

Уште од самиот старт на независноста Македонија има една широка лепеза и палета на почитување на етничките права. Јас не гледам проблем да се напраи графа и за етнички Бугари, па и за Хрвати, Црногорци… Македонија не е земја која има комплекс во однос на решавање на тој корпус на етничко-малцински права, но од друга страна се поставуа прашањето како тоа Бугарија како членка на ЕУ, воопшто не ни дозволува да се постави прашањето за попишување на етнички Македонци во нивните пописи. Интересно е со тоа што тие бараат да се попишат Бугари кај нас, тие „си пукаат сами во нога“, бидејќи на тој начин тие ја урнисуваат таа теза дека ние сме одродени Бугари, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар, Благојче Атанасовски.

Околу прашањето дали С Македонија треба да врши притисок да влезе графата македонски во Бугарија, Атанасовски смета дека тој притисок треба да се реши преку телата на Советот на Европа и преку институциите на ЕУ, но како што гледаме во меѓународната политика тие односи воопшто не се прагматични и се се решава од позиција на сила.

Гледаме дека Бугарија ги користи инструментите кои и се на располагање со тоа што е членка во самата ЕУ и го искористи правото на вето, така што и самата ЕУ нема некој голем механизам да ги притиска своите земји членки да ги решава овие прашања, вели Атанасовски.

Ако сакаме да градиме добрососедски односи, доколку они сметаат дека има Бугари тука, тогаш има и граѓани кои се чувствуваат за етнички Македонци во Бугарија, независно колкава бројка биле.

Целата анализа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 4 =