АСОМ: Нема потреба да се дислоцираат обложувалниците, влезот за малолетни и сега е забранет

You must need to login..!

Опис

Асоцијацијата на спортски обложувалници е против донесувањето на измените на Законот за игри на среќа. Според Васко Илиевски, претседател на Асоцијацијата, доколку надлежните ги усвојат измените на Законот за игри на среќа и забавни игри, кои предвидуваат дислокација на обложувалниците и казината на оддалеченост од 500 метри од основните и средните училишта, 8.000 вработени во оваа индустрија , од кои 3.500 само во спортските обложувалници, ќе останат без работа. Дистанцата од 500 метри која е предвидена е апсолутно неприфатлива. По сите анализи кои ги направивме, тоа ќе значи затворање на 98 проценти од објектите. Тоа е така затоа што градовите и населбите се густо населени, училиштата се на мало растојание и ако еден објект го дислоцираме и преместиме на друго место, со тоа само ќе го доближиме до некое друго училиште, објаснува Илиевски. Тој смета дека и сегашниот Закон за игри на среќа е добро осмислен и е направен според европски Закони, со што се забранува влез во објектите на малолетни лица.

-Во член 20 од Законот е пропишано дека е забранет влез на малолетни лица во објектите каде се приредуваат игри на среќа. Тоа апсолутно се почитува и се спроведува доследно. Секогаш кога вработениот забележува дека во обкјектот има лице кое изгледа малолетно, му бара лична карта, по што бара од истото лице да го напушти објектот. Според мене, со донесувањето на измените во Законот само ќе се отвори патот до црниот пазар и нелегалното обложување. Ние неколку пати доставивме дописи до Министерството за финансии, но досега немаме добиено повратен одговор за средба со надлежните, вели претседателот на Асоцијацијата на обложувалници. Илиевски вели дека со затворањето на објектите државата ќе изгуби околу 250 илјади евра годишно.

-Ваквиот Закон е многу контрадикторен бидејќи наводно има цел да ја унапреди индустријата, да ги заштити играчите и да го зголеми приходот во буџетот, меѓутоа доколку се затворат обложувалниците и казината, парите од даноците ќе ги снема, а тоа многу ќе се почувствува во буџетот. По наши проценки државата ќе изгуби околу 250 милиони евра на годишно ниво, што не би требало да биде прифатливо, посебно во овие услови на економска криза во кои се наоѓаме. Сметам дека овие измени се предлагаат без да се направат опсежни анализи, не може да се затворат објектите а да се очекуваат поголеми приходи во буџетот на државата или нови вработувања. Обложувалниците први го почувствуваат ударот од рестриктивните мерки, тие беа меѓу првите кои беа затворени на почетокот на пандемијата. Илиевски вели дека во моментов се прават анализи за 2020 година по што ќе се знае каков ефект оставила пандемијата врз профитот на спортскит објекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 18 =