🎥 📞 Асани од „ЛГБТ Јунајтед Тетово“: Хомофобијата е се уште присутна, но генерално има мало подобрување

You must need to login..!

Опис

Во време кога целиот свет мора да се прилагоди на новонастанатата ситуација со коронавирусот, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаваат итноста и преземаат солидарни чекори во своите заедници. Тие се соочени со предизвикот да ги затворат своите канцеларии, да ги приспособат нивните услуги на изолацијата, како и да покажат високо ниво на иновативност.

-Се почна од првото воведување на вонредната состојба, кога многу луѓе ги загубија работните места. До сега сме им помогнале на многу луѓе од ЛГБТИ заедницата. Имаме поделено над 250 пакетчиња. Нашите врати се отворени за сите луѓе. Помагаме и преку психолошки совети, изјави за Утрински брифинг, ЛГБТИ активистот Беким Асани од Тетово.

Има се уште недоверба на ЛГБТИ луѓето кон институциите, но сепак работата е малку поместена кон подобро, но се уште не е доволно, додава Асани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 1 =