Арсовски: Капацитетите на Ремедика се на располагање на државата ако тоа биде неопходно

You must need to login..!

Опис

Медицинскиот персонал на приватната болница Ремедика е на располагање на државата со своите болнички капацитети како и медицинскиот персонал, доколку има неопходна потреба од тоа, изјави во Утрински брифинг хирургот Андреја Арсовски, кој вели, засега побарана е листа од страна на Министерството за здравство за медицинските работници.

„Во една ваква ситуација секоја здравствена установа во случај на потреба треба да се стави на располагање. Ние во рамки на болницата имаме редовни состаноци. Од Министерството беше побаран медицински персонал, пред се анестезиолошките сестри, но како што оди сега работата, да се надеваме дека нема да има потреба од нешто такво, но ги ставаме нашите капацитети на располагање ако дојде до таква потреба“, изјави Арсовски.

Тој потенцираше дека болницата во моментов е отворена за пациентите кај кои се потребни неодложни зафати, инаку се прави селекција.

„Се она што не е витално загрозувачко и не бара итен третман, ние го одлагаме. Отворени сме за пациентите со малигни заболувања и состојби кои бараат хируршки и дијагностички третман“, вели тој.

Гинеколошко-акушерскиот оддел во Ремедика работи со еден поголем ритам, а тоа според докторот Арсовски, е поради презаситеноста во јавните здравствени установи.

Со цел да ги заштити пациентите и персоналот, во Ремедика спроведуваат строга епидемиолошка контрола на движењето на персоналот и сите кои имале приватен контакт одат на двонедела самоизолација по што им се прави тестирање.

„Воведовме стриктни мерки, се мери температура на влезот од болницата, се прави епидемиолошка анкета и за среќа немаме заразени ниту сомнителни меѓу нашиот медицински персонал“, инфомира тој.

Меѓутоа како што вели Арсовски и самите пациенти кои сметаат дека може да се одложи нивниот преглед, не одат во болницата по претпоставка на ризик, односно неизложеност на болеста Ковид 19.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + sixteen =