Арифи: Судството застанува на свои нозе, важно е министрите и премиерот да се дистанцираат од него

You must need to login..!

Опис

Мислам дека е многу важно што политичарите се дистанцираат и не сакаат да влијаат врз судството. Тоа треба да се поздрави бидејќи до сега тоа не беше така. На директен или на индиректен начин до сега се знаешѓе кој како интервенира, па дури и слушнавме зво незаконско прислушуваните материјали за тоа. Многу е важно министрите, премиерот да се дистанцираат од судството и да му овозможат простор за работа. Кај нас ова долго време не функционираше како што треба, па дури и самото судство имаше дилеми дали е власт или не. Јас мислам дека правилното функционирање на судството се гледа преку нивните пресуди и мислам дека почнуваме да имаме навистина интересни и многу важни пресуди кои се за поздравување. Таква е пресудата за Таргет – Тврдина што беше мајка на сите предмети. Иако во прв степен се дојде до многу достоинствен заклучок и навистина покажува дека судството застанува на свои нозе и може да носи и такви одлуки и пресуди кои имаат важна порака во однос на превенцијата на ваквиот вид на криминал и се праќа порака дека ваквите работи нема да се толерираат, изјави во Утрински брифинг универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи.

И кај Обвинителството има интересен развој. Има одлични обвинители кои навистина добро ја вршат работата, особено со случаите од СЈО и резултатите во овие пресуди кои што сега ги гледаме е една одлична работа на обвинителството.

Целиот разговор со универзитетската професорка Беса Арифи погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + nine =