Арифи: Проблемот со депониите е длабок, потребен е државен проект каде што локалните средини би биле партнери

You must need to login..!

Опис

ДУИ не е партија на трикови, ниту трикчиња. Во однос на најновата идеја, тоа е резултат на подолго размислување во однос на ориентацијата на партијата и градењето на иновативни политики. Имајќи го предвид фактот дека приоритетите на партијата со години наназад биле поврзани со етничките прашања, голем дел се адресирани и остануваат многу важни, но прашањата кои се однесуваат на амбиентот на дневното живеење се голем предизвик, бидејќи сме ние политичка партија со голема улога во централната , но и во локалната власт, изјави во Утрински брифинг градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

-Проблемите кои ние ги живееме како град не се проблеми кои може само градски да ги решите без да имате една поголема рамка и политика која има предизвик тоа да го реши. Никаде во државата не е направено едно решение за третирање на комуналниот отпад. Како мала земја тоа не можете парцијално да го решите без глобално решение. Нормално дека секој град, вклучително и Тетово има свои проблеми, но исто така многу е важно дали ние имаме едно пошироко решение за тие проблеми, изјави Арифи.

-Во 2013 кога јас станав градоначалник градот го имаше најголемиот проблем 0 снабувањето со вода. Ние со 4 милиони евра изградивме нов цевковод, изградивме систем за филтрирање на водата и со тоа овозможивме градот да има плус 280 литри во секунда вода, што е дел од оваа агенда. За прв пат во градот воведуваме урбан презвоз, што го добивме преку наша апликација во Светска банка, што е делза намалување на загадувањето, додава Арифи.

-Прашањето со третирање на комунален отпад е прашање кое мора да има свое централно решение поврзано со други решенија поврзани со локалните плански региони. Ниту еден голем инвеститор нема да дојде да инвестира во процес на рециклирање на отпад само за одредена општина. Ова мора да се уреди со поголем проект кој би бил државен, каде што локалните средини би биле партнери на тоа. Мислам дека тоа е патот до решението, вели Арифи.

Целиот разговор каде Арифи говори за дивоградбите, кандидатурата за нов градоначалнички мандат, како и за можните предизборни коалиции погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =