Апсурди: Наместо плати, стечајната управничка на ТВ Нова ги тужи новинарите

You must need to login..!

Опис

Вкупно 14 новинари се сочуваат со тужби поднесени од стечајната управителка поради аванси за службени патувања. Новинарите тврдат дека паричните средства им се давани од страна на менаџментот, но по враќањето од службено патување уредно се раздолжувале.

Гости во Утрински брифинг беа Билјана Трендафилова и Катерина Павлова – Николвска, дел од тужените 14 новинари.

Има различни суми. Најголемата сума која што се побарува е 130.000 денари. Има и смешни суми од 1.000 денари за кои се стигнати тужби. Се бараат овие пари за наводни патни трошоци, за кои ние наводно не сме ги расчистиле кога сме се вратиле од патувањето. Апсурдот да биде поголем, баш ние да не сме ги вратиле парите и баш ние да не сме ги вратиле парите. Значи доаѓаш од пат и тој што е одговорен за расчистување на патувањето ти вика дај да ги расчистиме сметките, а особено за сума како мојата – 50.000 денари ќе ги земеш и никој да не те побара да се раздолжиш – можно е тоа?

Иронијата да е поголема ТВ Нова нас ни должи. Откако отиде телевизијата во стечај до ден денеска поранешните вработени ги немаат земно заостанатите плати, изјави Трендафилова во Утрински брифинг.

Јас се грижев за уредувачката политика, контактирав и со менаџментот и запрепастена сум од ова што се случува. Дел од колегите ме побараа и за сведок на суд и дефинитивно ќе ги поддржам и ќе го искажам ставот дека сме патувале за потребите на медиумот, сметките се расчистени и не знам од каде сега вакви побарувања. Знам дека се враќаат сметките, вели Трендафилова.

Жално е што во јавноста ова поминува многу тивко. Никој од медиумските здруженија ни се нема обратено ни понудено помош. Вие сте прв медиум кој што се заинтересира за овој случај и прв каде што може да ги презентираме работи, изјави за Утрински брифинг Трендафилова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 2 =