Анѓелков: Фестивалот „Киненова“ сака да ја врати публиката во кината со филмови што не можат да се „симнат“ или да се видат на друго место

You must need to login..!

Опис

Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 октомври, а ќе се отвори во киното „Милениум“ со победникот на филмскиот фестивал „Карлови Вари“, „As far as I can walk“ со оригинален наслов „Страхиња Бановиќ“ од српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ. Другите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотеката.

„Кога правите филмски фестивал, особено во земја каде што со години наназад егзистираат други филмски фестивали, мора да направите поинаква приказна. Концептот на Киненова е дека поддржуваме и прикажуваме дебитантски филмови во официјалната селекција. За збогатување на фестивалската програма имаме други селекции каде што претежно гледаме да го задржиме иститот критериум. Сметам дека во последниве две децении, оние стари култни режисери веројатно и по линија на помал отпор почнуваат да снимаат филмови кои можеби и не се толку релевантни во однос на моменталниот општествен, социјален и политички контекст во кој живееме, меѓутоа дебитантите се оние храбри гласови, храбри имиња кои во своите приказни обработуваат теми што секако не’ тангираат сите нас и како гледачи и како граѓани на оваа земја и на овој свет. Во селектирањето на филмовите, оваа година се осум во главната програма, секогаш гледам оние приказни што ги раскажуваат дебитантските филмаџии да имаат контекст и со она што се случува и во нашето општество затоа што ги прикажуваме на овдешната публика и сакаме да се развие дискусија меѓу овдешните филмофили и љубители на седмата уметност во однос на тоа што тие филмови го отвораат како прашање.

Исто така, мислам дека по пандемијата филмските фестивали имаат и една посебна цел да ја вратат публиката во кината. Се научивме – аха овој филм ќе го „симнам“, или ќе го гледам на оваа или онаа платформа, а фестивалите веќе почнаа нормално да функционираат и предизвик е да се врати публиката онаму каде што треба да се гледа филмската уметност, во затемнетата кино сала.“, вели за Утрински брифинг, Игор Анѓелков, програмски селектор на фестивалот „Киненова“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 1 =