Која е Антонија Белазелкоска, главна актерка во два филма – едниот по награда во Кан другиот во Карлови Вари

You must need to login..!

Опис

Краткиот игран филм „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска е селектиран во Официјалната селекција на 74. Кански филмски фестивал. Филмот влезе во конкуренција за наградата „Златна палма“ за најдобар краток филм.

Филмот трае 15 минути и е избран меѓу 3.739 кратки филма. Останатите конкуренти за наградата Златна палма за најдобар краток филм се од Косово, Данска, Иран, Франција, Португалија, Бразил итн.

Филмот е сниман на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ (Сервиа Филм), додека сценарист и режисер е Марија Апчевска-Петровска.

Наградата ќе се додели на завршната церемонија на Канскиот филмски фестивал на 17 јули.

Исто така филмот „Сестри” во режија на Дина Дума, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на престижниот фестивал во Карлови Вари, кој годинава ќе се одржи од 20 до 28 Август во Карлови Вари, Република Чешка. Филмот учествува во компетицијата East of the West (Источно од Западот), која е дел од официјалната програма. Оваа селекеција е наменета за автори на прв и втор долгометражен филм од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот Исток и Северна Африка.

„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Филмскиот фестивал во Карлови Вари е најголемиот фестивал во Република Чешка и најпрестижен во Централна и Источна Европа. Тој е еден од најстарите филмски фестивали од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција, Локарно, Сан Себастијан.

Интересно е што во двата филма главната улога ја толкува Антонија Белазелкоска која беше гостинка во Утрински брифинг, а целиот разговор може да го погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 5 =