Андреева: Продолжуваме со нашите заложби за обезбедување на правата на сметководителите

You must need to login..!

Опис

Комората на сметководители во моментов е единствен функционален застапник на сметководителите и нашите активности траат повеќе години, изјави во Утрински брифинг Александра Андреева од Комората на сметководители.

-Ние не се „пишманиме“ од тоа што го работиме, напротив, ние продолжуваме со нашите заложби за обезбедување на права на сметководителите, вели Андреева.

Таа додава и дека и дека Комората има учествувано и во работната верзија на Законот кога бил во Министерството за финаснсии.

-Јавната расправа беше закажана под притисок на јавноста. Ние дојдовме, ги кажавме нашите забелешки, но ние се оградуваме од овие рестриктивни, контролни одредби кои што се пропишуваат во Законот и вели дека она што било предлог од Комората на сметководителите не било прифатено.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six − four =