Ристовски кон Пандев пред Грузија: Нема да дозволиме ова да биде последниот твој натпревар за Македонија

You must need to login..!

Опис

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски во Утрински брифаинг откри детали од соблекувалната пред епскиот меч со Грузија по кој Македонија се пласираше на прв голем европски турнир, Евро 2020 кое е одложено за во 2021 година. Андоновски говори и колку пари ќе се слеат во касата на ФФМ како резултат на овој успех, а воедно и за подготовките пред натпреварот против Ерменија кој ќе се одигра во Кипар

-Ако еден Горан Пандев тоа го доживеа со солзи во очите тогаш може да замислиме каво е неговото чувство. Историски резултат за Македонија. Господ го награди тоа што Горан Пандев и неговите колеги го преживуваа изминативе години, изјави во Утрински брифинг, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Прекрасни моменти доживеавме во Тбилиси. Сите беа пресреќни, претседателот на ФФМ, селекторот, фудбалерите. За помалку од два часа репрезентативците летаат за Кипар, каде не чека натпреварот со Ерменија за влез во Б дивизијата.

Оваа репрезентација е спој на младост и искуство. Поставеноста во рамки на ФФМ има огромна заслуга за успесите на А репрезентацијата, но тука не смееме да ја заборавиме и младата репрезентација. Заедништвото донесе резултат. Обичните навивачи видоа дека фудбалерите дадоа се од себе и начинот на кој што го остварија резултатот е потврда за добрата работа на сите, вели Андоновски.

Целиот разговор со портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 4 =