Андоновски: Европскиот фудбал реагираше како обединето семејство – солидарно однесување, зачувување на здравјето и опстојување на спортот воопшто

You must need to login..!

Опис

УЕФА нема одредено датум за натпреварот со Македонија – Косово, но многу од претпоставките се дека тој ќе се одигра во ноември. КОВИД-19 и неговото спречување сега за сега е приоритет број 1, изјави за Утрински брифинг, Златко Андоновски портпарол на ФФМ.

Европскиот фудбал реагираше како обединето семејство. На 17 март се зазеде став сите натпреварувања да се завршат согласно регулативите. Убедени сме дека во наредните месеци фудбалот ќе започне одново, под услови што ги диктираат јавните власти. И македонскиот фудбал е суспендиран на неодредено време слично како и останатите земји во светот.

Во деновиве кои се пред нас ги анализираме мерките на владата и начинот на кој што таа се обидува да им помогне на спортските организации во државава и следните чекори се солидарно однесување, зачувување на здравјето и опстојување на спортот воопшто, вели Андоновски.

Одржуваме контакти со македонските фудбалери кои играат во странство. Сиоте се во домашен карантин, се однесуваат одговорно и кон себе и околината и со позитивна мисла се надеваат дека ова ќе трае уште кратко и ќе се вратат на своите обврски, додаде Андоновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − eleven =