Андоновски: Владата падна кога Заев рече дека поднесува оставка

You must need to login..!

Опис

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг ги коментираше потезите на неговата партија за интерпелација на Владата. Лидерот на оваа партија вчера најави дека ако премиерот Заев не си поднесе оставка денес, тогаш ќе се започне постапка за интерпелација.

-За очекување беше дека оставката ќе се реализира и материјализира уште следниот ден по најавата на оставката за може да се започне процедура за консолидирање на влада во кков било облик. Мислам дека не е здраво со денови да нема коментар. Јас лично немам верба дека ќе ја поднесе оставката до 14.30 часот, затоа и собравме потписи за интерпелација, вели Андоновски.

Дали нови избори повторно ќе нѐ стави во криза, наместо да нѐ извади?

-Владата падна кога беше најавена оставна на премиерот. Не можете потоа да речете се занесов, не планирам да направам такво нешто. Владата го изгуби легитимитетот со локалните избори оти не освои ниеден град, вели Андоновски. – И самиот премиер пред вториот круг рече дека ако не се постигне резултат ќе се повлече. Тој го спои наративот на локални и парламентарни избори.

До сега ниту еден од пратениците потпишани за интерпелација на владата не излегол јавно ниту се јавил во ВМРО-ДПМНЕ дека го повлекува потписот. Андоновски очекува дека има и други пратеници кои би се приклучиле кон барањето за оставка на оваа влада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 2 =