Андоновски: Ако граѓаните не видат ЕУ да испорачува, евроскептицизмот ќе произведе анти-ЕУ партии

You must need to login..!

Опис

Гледаме дипломатска офанзива од ЕУ, но заглавени сме во ќорсокак со преговорите со Бугарија.

-Позитивно е тоа што дипломатите од ЕУ бараат канали да вродат со плод преговорите со Бугарија, но не би ги кревал премногу очекувањата дека од овој позитивен ангажман ќе се случат позитивни резултати, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија веројатно поради сето ова расте евроскепцитицизмот. Од една страна Федерика Могерини вели дека треба да започне процесот на евроинтеграции оти тоа долго ќе трае, а од друга страна премиерот на Бугарија Кирил Петков вели дека ќе влеземе во ЕУ за десет години.

-Децата родени во годината кога го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација веќе два изборни циклуси гласаат, што значи дека овие млади луѓе цел живот слушаат дека само то не сме добиле датум за преговори. Оттука се наоѓаме во чудна ситуација кога треба да го праниме процесот на преговори, а тоа нѐ чини скапо. Ние направивме безброј отстапки, а не добивме ништо, вели Андоновски.

Тој додава дека кога ја гледаме Бугарија треба да ја гледаме од нколку аспекти. Првиот е Петков, но неговиот рејтинг паѓа, а неговата влада е коалициона од четири партии од кои две се против Македонија да почне преговори. Потоа, тука е претседателот на Бугарија РуРумен Радев кој има цврсти националистички ставови и отворено вели дека Македонија е коминтерновска творба. Сето ова не ми дава за право да верувам дека нешто ќе се придвижи во позитивна насока, вели Андоновски.

-Не би било поразлично ни кога ВМРО-ДПМНЕ би ги водело преговорите иако поинаку би ги штителе националните интереси. ЕУ мора да испорача опипливи резултати, во спротивно може да очекуваме политички партии кои ќе речат стоп за ЕУ. Досега такви немало, но не треба да нѐ изненади, вели Андоновски.

Андоновски вели дека дури ни во СДСМ не знаат што преговара Бујар Османи. – Тој требае да побара поддршка за преговорите во Собранито за преговарачката рамка да се заштити од бугаризација, вели Андоновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six + 3 =