Андоновиќ: Kоронавирусот на Балканот засега под контрола – Супер силите кои го потценија, сега стравуваат од многу инфицирани и починати

You must need to login..!

Опис

Во светот статистички гледано за 24 часа се регстрираат по околу 100 илјади ново заразени. Така денешната бројка на ниво на свет е над 700 илјади заразени 33 526 починати и 150 илјади излекувани.

Во светот и натаму по бројот на починати води Италија која до овој момент има регистрирано 97.689 заболени и 10.779 починати од последиците на Ковид -19.. На Балканот во Хрватска се регистрирани 56 новозаболени со што бројката на заразени се искачи на 713 а починати 6 лица.

Во соседна Србија, бројката на зарзаени е 2462 а починати се 13 лица. Како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, властите во беград најавуваат дека во текот на неделава би можеле да воведат 24 часовен полициски час. Како аргумент за оваа мерка, српскиот претседател Александар Вучиќ образложи дека недисциплината на одреден број срспки граѓани би можело да извлијае Србија да вовеведе вакви драконски мерки.

Доколку бидат воведени мерките, Србија ќе стане прва држава во светот со вакви репресивни и ограниивачки мерки за движење на граѓаните. Со цел да намали евентуално незадоволство кај граѓаните, српскиот државен врв најави дека ќе додели по 100 евра за сите полнолетни граѓани со цел да им се олесни финансиската криза, која покрај медицинската сериозно влијае врз нормалниот живот на граѓаните..

И додека Балканските држави, повеќе или помалку, барем засега ја држат бројката на новозаразени под некаква контрола, светските супер сили се соочуваат со растечки број на новозаразени и починати од коронавирусот. САД во моментов станува епицентарот на жариштето на коронавирусот.досега се регистрирани на 137.000 заболени од коронавирус , а починаа повеќе од 2.400 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп ретерираше во својот став и одлучи да ја продолжи препораката за социјално дистанцирање ширум земјата за нови 30 дена, до крајот на април, Трамп оваа мерка ја донесе откако експертите го предупредиле на опасноста од ширење на коронавирусот, како и на тоа дека пикот на бројот на жрвите на дневно ниво може да биде достигнат дури за две недели.

Трамп, кој планираше да ги намали бројот на препораки барем во деловите од земјата кои се помалку погодени од пандемијата, сепак, одлучи да ја продолжи мерката за социјално дистанцирање, со што премолчено призна дека бил преголем оптимист, Препораките ќе важат и за католички Велигден, што во САД се одбележува на 12 април, до кога Трамп најавуваше дека земјата и нејзината економија повторно ќе почнат нормално да функционираат.

Токму потценувачкиот однос на Трамп кон пандемијата на коронавирусот, го доведе до наггло зголемување на бројките на заразени и починати но и до неговиот рејтинг. Последните анкети укажуваат дека доколку Џо Бајден успее да ја освои демократската номинација за претседателските избори во САД, би можел да го порази Трамп.

Намалениот ректинг на Трамп е поради загубената доверба кај американците, кои гледајки ги изјавите и првичниот однос на Трамп, сметаат дека Бајден можеби подобро би се справил со пандемијата на ковид -19 Идентичен потценувачки однос кон коронавирусот во минатото манифестираше и Русија која до пред само една недела ја немаше со никакви информации и реакции околу глобалната пандемија.

Сега Русија сооштува дека има 1.500 случаи на заболени од коронавирусот, 64 починаа, и најави дека граѓаните на Москва од денеска ќе бидат во општа самоизолација. Паралелно со ова, владата и претседателот Путин како доплнителна мерка, ја прогласија оваа недела за неработна…. И како куриозитет, Јапонија засега можеби најдобро се справува со пандемијата.

Иако е во непосредна близина на Кина и Јужна Кореја, државите од каде се почна, 130 милионската Јапонија засега има 1600 заразени и 52 починати.. Како главна причина за овие ниски бројки на зарзаени експертите ги посочуваат добрите навики на Јапонците, високата култура на хигиена, и културата која поздравувањето го прави со поклонување на не со ракување и непсореден контакт.

Во таа насока и податокот дека поради епидемиите во минатотот на САРС Мерс па и радијацијата на Фукушима, јапонците се навикнати да носат заштитни маски. Во државата според податоците има околу 5, 5 милијарди маски за лице, или 43 маски по жител, па оттаму и превенцијата која по се изгледа дава добри резултати во соречувањето на ширењето на коронавирусот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × five =