Андоновиќ: Aпсењето на Пучдемон почеток на нова политичка криза во Шпанија или крај на каталонскиот сепарартизам?

You must need to login..!

Опис

По 4 години бегство на италијанскиот остров Сардинија е уапсен поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон Тој беше приведен вчера, откако пристигна во градот Алгеро на Сардинија. Во Сардинија тој требал да присуствува на ликовна изложба и да се сретне со регионалниот гувернер на Сардинија каде што бил и уапсен. На Пудемон му се заканува екстрадиција во Шпанија каде треба да му се суди за сепратизам Пучдемон повеќе од 4години живееше во егзил во Брисел каде и покрај црвената потерница на Интерпол, тој не беше уапсен Шпанија го обвини Пуџдемон, поранешен каталонски регионален лидер, за предводење на протестите , и организриање и помагање на референдумот за независност во 2017 година, што шпанските судови го сметаа за незаконски.

Референдумот доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении, по што каталонскиот парламент еднострано прогласи независност во октомври 2017 година, што ја натера централната влада да наметне директна моќ од Мадрид, а властите започнаа со апсење на сепаратистичкиот лидер. Европскиот суд во Луксембург на 30 јули ја поддржа одлуката на Европскиот парламент, чиј пратеник беше Карлес Пучдемон, да му го одземе пратеничкиот имунитет задно со имунитетот на уште двајцата водачи на сепаратистичкото движење во Каталонија. Со одлука на тој суд, Пуџдемон и двајца поранешни министри во каталонската влада, Комин и Понсати, најверојатно ќе бидат екстрадирани во Шпанија и да се соочат со обвиненија за предизвикување бунт. Доколку бидат испрачани и осудени, се очекуваат нови тензии и продлжување на сепартистчките апетити на каталонските политчари кои се залгаат за независосност од Шпанија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + six =