Андоновиќ: Ќе добие ли Европа нова самостојна држава?

You must need to login..!

Опис

Дали Европа ќе добие нова, независна држава? Парламентарните избори во Шкотска ќе бидат показател дали мнозинството Шкоти сакаат независност од Велика Британија и потоа повторно членство во ЕУ.

Парламентарните избори што се одржаа овој четврток треба да покажат дали мнозинството Шкотланѓани се за независност. Главен фаворит е Шкотската национална партија (СНП), предводена од шкотската премиерка Никола Старџен. Таа сака нов референдум за отцепување. Нејзината партија речиси сигурно ќе освои најмногу гласови на изборите и многу веројатно е дека ќе може да формира влада со Партијата на зелените, која исто така се залага за независност на Шкотска. Но прашање е дали партијата на Старџен на овие избори ќе освои апсолутно мнозинство, бидејќи само преку ова мнозинство таа ќе сестекне со право да распише рефернедум за отцепување на Шкотска од Обединетото кралство Во овој случај актуелниот премеир Борис Џонсон ќе мора да дозволи одржување на референдумот во Шкотска. Инаку Шкотска и во 2014 година на референдум, со 55 посто гласови се произнесе за отцепување и прогласување независност. Тогаш поради многу правни политички но и економски причини шкотите останаа во рамките на Обедиентото кралство, со најава во иднина да се спроведе втор референдум. Во меѓувреме условите се сменија односно Бртианија ја напушти Европската унија што дополнително ги мотивираше шкотите да бараат независност.

Шкотска се противеше на Брегизотот и се залага по стекнувањето на независност да влезе во ЕУ. Експертите стравуваат дека цената на независноста на Шкотска може многу поксапо да чини одошто цената која Британија ја плаќа,по Брегзитот. Недефинираните економски и трговски односи, се фаза која сега не се гледа но која подоцна многу ќе ги чини овие држави по нивниот ,, развод”. Економската поврзаност на Шкотска со другите делови на Велика Британија е огромна. Обемот на трговија е многу пати поголем од оној меѓу Шкотска и ЕУ. Економските експерти сметаат дека независноста на Шкотска ќе биде и до три пати поскапа од Брегзит. Особено доколку Шкотска, во согласност со плановите на премиерката Старџен, повторно се приклучи на Европската унија. Британија веќе плаќа голема цена за односите со довчерашните ,,браќа” од ЕУ. Најнови недоразбирања се случија вчера кога Британија и Франција упатија неколку воени брдови да ја надгледуваат состојбата околу островот Џерзи во Ламанш Спорот меѓу двете земји настана кога локалната влада на Џерзи, врз основа на трговски договор помеѓу Велика Британија и Европската унија, побара од француските рибари доказ дека ловеле риба во островските води веќе неколку години. Револтираните рибари кои протестираа обвинувајќи дека се спречени да ловат риба во британските води.

Тие го блокираа главното пристаниште на островот, а Франција која острово го снабдува со електрична енергија се закани дека целосно ќе го исклучи островот од енергетскиот систем. Островот Џерзи има околу 108 илјади жители, кој не е формално дел од Велика Британија, но е наведен како автономен посед на Велика Британија, што значи дека Лондон е одговорен за таа територија во близина на крајбрежјето на северна Франција. Франција пак бара нејзините рибари и натаму да можат да ловат риба без забрани.Администрацијата на Џерзи пак се повикува на договорите меќу ЕУ и Британија по Брегзитот и сето ова ги закомликува сите економски односи предизвикани од Брегзитот, кои највеќе го почуствуваа обичните граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 2 =