Андоновиќ: Штрајкот со глад на Навални повторно ги става на испит односите на Русија и ЕУ

You must need to login..!

Опис

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почна штрајк со глад, а информацијата ја објави на Инстаграм од затворот во Владимирската област, каде издржува казна од две години и осум месеци. Навални најави дека штрајкот ќе трае сè додека не добие соодветна медицинска помош за силна болка во грбот и трнење во нозете. Наместо да добие медицинска помош, тој наведе дека бил мачен и бил подложен на тортура и малтретирање.. Алексеј Навални, во понеделникот рече дека добил скоро десетина предупредувања за неговото однесување откако беше затворен минатиот месец и оти има ризик да биде испратен во самица. Најотворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин издржува казна од две и пол години за обвиненија за проневера, за кои Навални вели дека се политички мотивирани. Случајот Навлни и пред се обвинувњата за политчки прогон, ги наруши однсоите меќу Русија и ЕУ, особоено што Навални беше на лекување во Германија и беше уапсен откако се врати од Германија каде предстојуваше во болница каде беше лекуван од навндото труење.

И Навални и германските лекари тврдеа дека тој е отруен од Новичок неревн гас од времето на Советскиот сојуз, супстанца која и денска често ја користат руските разузнавачки служби, со цел да ги сокрие трагите од смртта на таргетираната жртва. Сето ова ги доведе Русија и ЕУ на серизоно нарушување на дносите особено што и самата унија ја обвинува Москва дека Навални е политчки затвореник и жртва на политичката пресметка со актуелниот претседател Путин. . Навални беше тема и на завчершната видео конференција меќчу Францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцаларка Мерекл и рускиот престедател Владимир Путин. Вчера за прв пат тројцата лидери успеаа да ги придлижат ставовите и односите на Русија и ЕУ , најавувајќи заедничка борба со пандемијата. Меркел и Макрон одеа дотаму да најават дека и дозволат на, засега забраетата руска вакцина Спутник да влезе на европскиот пазар и со неа да се имунизираат европските граѓани, што беше протолкувано како стабилизирање на односите меќу ЕУ и Русија.

Сепак вчерашната најава на Навални зџа штрајк со глад, и игнорирањето на Русија да му излезе во пресрет на услвоте и барањата, најверојатно повтроно ке ги стави под знак на прашање односите на ЕУ и Русија, пред се околу почитувањето на човековите права за кои Европа и Русија имаат различни стадарди

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − two =