Андоновиќ: Цел мандат на Бајден или предавање на функцијата на заменичата Харис?

You must need to login..!

Опис

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година. Оваа изјава Бајден ја даде на вчерашната прва негова пресс конференција откако на 20 јануари ја презеде фукцијата претседател на САД. Временското пролонгирање на Бајден да излезе на првата своја претседателска прес конфернција пред новинарите, како и инцидентот кога при качување на скалите за влегување во претседателскиот авион, кога Бајден се сопна и падна, ги подгреа шпекулациите и го стави под знак прашање неговиот мандат.

Се повеќе се шпекулира дека Бајден не е способен да го продолжи мандатот и дека се поизвесно скорешно преземање на претседателската функција од страна на неговата сегашна заменичка , потпредседателската Камала Харис. Овие шпекулации дополнително се подгреаа откако Бајден завчера ја задолжи Харис да раководи и да управува со мигранстаката политика пред се криза на границата со Мексико Оваа , чувстсвителна и тешка задача, Бајден ја доверува на Харис, што беше протлкувано дека тој полека ги префрла претседатлските ингеренции на својата заменичка и можна идна наследничка. Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Тој на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат би имал 82 години.

Ако се земе во предвид и неговата здравтсвена состојба , и да го истурка првиот претседателски мандат мала е веројатноста тој да го исполни вчрашното ветување и да се кандидра за нов 4 годишен мандат Наспроти ривалските две светски супер сили, Русија и Кина чиј еден лидер е помлад, а другиот, рускиот претсњедател Путин, во одлична физичка кондиција, американскиот престдател, сопнувајки се при качување во авион, фрла лоша слика за тоа кој раководи со воено политички најмоќната држава во светот, сметаат аналитичарите. Сето тоа според нив може да се одрази врз севкупниот имиџ и реномето на САД, во светот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 3 =