Андоновиќ: Формиран судски предмет против Милорад Додик- го подривал уставниот поредок на БиX, тој одговори со песна

You must need to login..!

Опис

Додик во свој стил влезе во федераланата зграда на претседателството во Сараево и со хармоника пееше српски националистички песми со кои на моменти и го исмејуваше актуелниот муслимански член на престедателството Бакир Изетбеговиќ. Според тамошните медиуми кои се повикуват на сведочење на пристуните Додик и членовите на неговата партија, кои се на позиции како федерални министри пиеле ракија и се подбивале со федералните институции. Додик пеел песни обраќајки му лично кон Бакир Изетбеговиќ, кој е син на поранешниот босански лидер Алија Изетбеговиќ и за кого Додик сите години откако е на државни функции упатува жестоки критики за неговата политика.

Однесувањето на Додик е резултат на иницјативата на федералните интитуции и обвинителството на Босна и Херцеговина кои формираа судски предмет против српскиот член на тројното престедателството на босанската федерација за подривање на уставниот поредок на федерацијата. Додик е обвинет дека ја бојкотира работата на престедателството но и дека работи на отцепување на Република Српска од остатокот на федерацијата Самиот Додик не крие дека сака Р Српска да се отцепи и потоа да се интегрира со Србија. Тој веќе најави формирање на своја војска и свои разузнавачки служби, што според Сараево е директно подривање на уставниот поредок на Босна и Херц еговина. Додик е обвинет и дека тесно соработува со Москва и дека е нагласено руското влијание врз Бања Лука што се коси со полтиката на Босна и Херцеговина која се залага за европски и интеграција во НАТО. Самиот Додик пак на неколкупати досега најави дека нема да дозволи Република Српска да влезе во алијансата и дека се залага идентично како и Србија да остане воено неутрална

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =