Андоновиќ: Уште не претставена , новата црногорска влада на Кривокапиќ обвинета за непотизам

You must need to login..!

Опис

Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора.Според најавите, програмата и предлогот за состав на новата влада мандатарто Кривокапиќ ќе ги достави до Собранието, а седницата на која пратениците ќе се изјаснат за неа е закажана за 2 декември. Во пресрет на конечната листа на имињата за министри во новата влада, медиумите во црнагора започна со шпекулации и обвинувања за персоналните решенија на идните министри. Медиумите го посочуваат името на идниот министер за финансии, Милојко Спајиќ дека е во врска со ќерката на мандатарот и идниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Спајиќ е предложен како независен ексепрт а всушност е во блиска роднинска релација со мндатарто, обвинуваат медиумите . Поставувањето на својот иден зет за министер за финансии претставува грубо кршење на процедурите и има елементи на конфликт на интереси, обвинуваат медиумите и опозицијата во Црна гора.

Критиките за владиниот кабинет се насочени и кон ветувањата на Кривокапиќ кој во пресрет на најавите на новата Црногорска влада најавуваше дека во владата во Подгорица нема да седат партски решенија туку исклучиво експерти докажани во својата област, без разлика на ниваната политичка или партиска определба. Подгоричките медиуми забележуваат дека во листата на имиња на новите министри речиси сите членови се од неговата партија и партијата на коалиционите партнери и дека речиси нема ниту еден независен експерт предложен за ресорен министер. Сепак, конечниот список на министрите во новата црногорска влада ќе биде познат на втори декември кога пратениците во црногорскиот кабинет треба да расправат и да дадат зелено светло за почеток на работата на владата на Здравко Кривокапиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + eighteen =