Андоновиќ: Ултра десницата во Германија ја става на испит досегашната политика на Меркел

You must need to login..!

Опис

Меркел изрази жалење по одлуката за повлекување на Крамп Каренбауер заблагодарувајќи и се што ќе ја води партијата до процесот за избор на нејзин наследник.

Лидерката на Христијанско демократската партија на Германија и личноста која се сметаше како сигурна наследничка на Ангела Меркел, Анегрет Крамп Каренбауер најави дека нема да се кандидира за местото канцелар на Германија на сојузните избори закажани за следната година. Таа изјави дека ќе остане на лидерската позиција до следната година додека не дојде следниот кандидат за оваа функција

Крамп Каренбауер ќе остане на позицијата претседател на ЦДУ и министер за одбрана се до внатрепартиските избори следната година.

Меркел изрази жалење по одлуката за повлекување на Крамп Каренбауер заблагодарувајќи и се што ќе ја води партијата до процесот за избор на нејзин наследник.

Инаку Крамп Каренбауер се повлекува од оваа позиција по политичкиот скандал. Крамп Каренбауер беше лично избрана од Меркел за свој наследник во 2018 година како лидер на ЦДУ и кандидат за канцелар на изборите во 2021. Десно популистичката АФД алтернатива за Германија потоа имаше серија скандали и започнаа да се сомневаат во способноста на Каренбауер ефикасно да ја води државата.

Еден од последните настани се случија на изборите за челник за покраината Тирнгија каде ЦДУ и екстремната АФД заедно подржаа кандидат од центарот. Овој потег беше протолкуван како нејзин обид да ги отфрли табуата во соработката со екстремните партии во Германија.

Како резултат на нејзиниот неуспешен обид да ја дисциплинира партијата која не сакаше да ја отфрли соработката со екстремните десничари од АФД, Каренбауер го најави своето повлекување, анализира новинарот Дејан Андоновиќ на Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Досегашната работа на Крамп Каренбауер ја следеше шок на политичката левица и воодушевувањата од десницата.

Нејзиното повлекување предизвикува неизвесна политичка иднина во која демократите, без разлика на партиската припадност ќе треба да се изборат против национализмот.

Од друга страна се стравува дека со повлекувањето на Крамп Каренбауер демохристијаните од ЦДУ би можела да сврти кон поекстремно десна политичка ориентација.

Се смета дека најголемата заслуга на Крамп Каренбауер беше одржувањето и ограничувањето на умерените десничари од ЦДУ кон радикализирање и екстримизирање на десничарската идеологија.

Од друга страна веста за повлекувањето на Крамп Карембауер најмногу ја израдува десно популистичката и евроскептичната АФД, која нејзиното повлекување го гледа како шанса за приближување на ЦДУ и АФД и правење силен десничарски блок во Германија.

Инаку од 2013 година на власт во Германија е коалиција на двете најголеми партии и лути ривали Социјал демократите и демохристијаните на Ангела Меркел.

Социјал демократите од ноември минатата година ги предводи лидерот Норберт Валтер Борјанс и Саскиа Ескен.

Новото раководство на коалициониот партнер се противи на Меркеловата политика и одлуките кои ги донесува во Германија, но и во Европа.

Една од најголемите забелешки на социјалдемократите кон Меркел е политиката за која тие ја обвинуваат дека таа го предизвикала прифаќањето на големиот број на мигранти и нивното интегрирање во германското општество, германската економија ја приближила кон рецесија. Исто така се обвинува дека политиката на Меркел предизвикала големи незадоволства во Европската унија меѓу кои и британското настојување на Брегзит.

Меркел поради својата здравствена состојба нема да се кандидира за реизбор на канцелар во 2021 година. Во анализите се оди дотаму дека нејзината здравствена состојба е сериозна и може да ја принуди да се повлече и пред истекот на мандатот, што би можело да предизвика предвремени избори за кои нејзината ЦДУ не е подготвена, анализира Андоновиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =