Андоновиќ: Улична офанзива на антиваксерите

You must need to login..!

Опис

Четвртиот бран на пандемијата и мерките за борба против корона вирусот се чини дека го потроши трпението на граќаните чии држави започнаа со воведување на радикални мерки , пред се на оние лица кои немаат примено вакцина против ковид

Во Холандија Белгија Австрија и Хрватска изминатите денови имаше жестоки судири меѓу анти ваксерите и полицијата Протестите се против владините планови да ја ограничи употребата на сертификати за „Ковид” на луѓе кои прележале Ковид-19 или биле вакцинирани, со што се исклучуваат оние со негативен тест за вирусот.
Холандија минатиот викенд повторно воведе мерки за изолација за 17,5 милиони жители за три недели во обид да го забави повторното ширење на вирусот, но дневниот број на нови случаи на инфекција остана на највисоко ниво од почетокот на пандемијата
И Брисел личеше на вистинско бојно поле кога, според проенцките на полицијата околу 30 илјади демоснтранти се судрија со полицијата.
Демонстрациите, под мотото „Заедно за слобода“, главно беа насочени против мерката забрана за невакцинираните да пристапуваат до места како што се ресторани и барови.
Европа се бори со уште еден бран на корона пандемијата , а неколку земји ги заострија мерките и покрај високиот степен на вакцинација на населението

Австрија од полноќ е целосно заклучена поради тешката епидемиолошка состојба во која се наоѓа веќе две недели, во која имаше петцифрена бројка на новозаразени со вирусот.
На сила стапи забраната за напуштање на стан за сите граѓани цел ден, со цел драстично да се намалат контактите, а со тоа и ширењето на вирусот.
Граѓаните можат да излезат од дома само за да одат на работа, на училиште, на лекар, на вакцинација, тестирање, но и во продавница, за да им помогнат на другите членови на семејството, да снабдуваат животни.
Исто така, за време на заклучувањето, граѓаните имаат можност да излезат надвор од станот на прошетка или на индивидуален спорт на отворено, но сами, односно само со членовите на семејството.
Токму овие мерки ги изиритираа граѓаните, повеќето анти ваксери да излезат на протести во Виена и останатите австриски градови.
Трпението на граќаните низ неколку држави во Европа се чини дека при крај. Но се чини дека еден дел од нив и натаму одбива да се вакцинира, гледајќи во ова некаква теорија на заговор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − eight =