Андоновиќ: Украинската криза како изговор: Задкулисна дипломатија на Макрон,Шолц, Ердоган и Орбан и секој со свои интереси

You must need to login..!

Опис

По неуспехот на првата фаза од преговорите меѓу Русија и САД, односно НАТО, со серија билатерални средби меѓу европските лидери и рускиот претседател започна втората фаза од дипломатските напори за ставање крај на кризата на руско-украинската граница. За разлика од јануарските разговори кога на маса беа високи делегации, сега преговарачи се многу посериозни имиња. Централна тема на сите средби е Украина, но секој од преговарачите има своја „скриена“ агенда.
Во текот на последните неколку дена најактивен беше францускиот претседател Емануел Макрон.По три телефонски разговори со рускиот колега Владимир Путин, Макрон разговараше и со првиот човек на САД Џозеф Бајден, а потоа закажа патување во Москва и Киев.Макрон, кој е убеден дека може да постигне „историско решение“ на украинската криза, рече дека „еден од неговите разговори со Путин веројатно ќе биде доволен за да се спречи избувнување на воен конфликт“ и дека целта на Русија не е Украина, туку појаснување на правилата во врските со НАТО и ЕУ“.

Ако успее да ги смири тензиите , тоа ќе биде целосен успех за Макрон на два фронта – важна надворешнополитичка победа пред кампањата за претседателските избори во април, но и можност да се приближи до местото лидер на ЕУ позикција која ја имаше поранешната канцаларка Ангела МеркелНа Макрон му помага и тоа што Олаф Шолц, човекот кој ја презеде канцеларската функција по 16 години владеење на Меркел, е на удар на јавноста поради неговата блага реакција во врска со украинско-руската драма.
Шолц со денови е критикуван дека не зазема доволно остар став кон Русија, а обвинет е и дека воено не и помага на Украина, за разлика од повеќето земји од НАТО кои претходните денови испратија оружје во Киев.

Германската помош беше далеку поскромна – само 5.000 шлемови, кои актуелниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, ги исмеа со прашањето: „Што е следно? Перници?“

Во последните неколку дена Шолц најавува малку поостар тон, наведувајќи дека Русија ќе ги сноси санкциите доколку ја нападне Украина, па дури и дека тие санкции може да се однесуваат на Северен тек 2.

Токму овој гасовод, чија изградба е завршена и кој се дели само со дозвола на германските регулатори додека не биде пуштен во употреба, се смета за причина за германската воздржаност. Оваа земја, како и многу европски земји, е зависна од рускиот гас, особено од германската индустрија
Првиот од европските политичари што отиде во Москва беше унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посетата на првиот човек на Унгарија на Русија не наиде на одобрување во ЕУ. Напротив.

Откако министрите за надворешни работи на ЕУ го предупредија Путин дека Русија ќе се соочи со строги економски санкции во случај на инвазија, Европскиот парламент испрати делегација во Киев за поддршка на Украина, а го предупредија Орбан да не и дава подршка на Москва
Орбан пак посетата на Москва ја ја нарече „еден вид мировна мисија“. Но зад кулисите на овие изјави тој всушност стои желбата за поволен гасен аранжман со Русија, на неполни два месеци до парламентарните избори за кои Орбан неодамна ја започна кампањата.

Унгарија е исто така зависна од рускиот гас. Кризата во Украина доведе до скок на цената на бензинот во Европа и стравувањата дека Путин би можел да го пренасочи протокот на гасот поради што Орбан се обиде да игра на картата на добри лични односи со Путин и да и обезбеди на Унгарија доволни количини по задоволителни цени. Тој гас треба да стигне до Унгарија преку Србија.

Орбан оваа позиција ја брани пред Европа со реториката дека „Унгарија би можела да игра улога на олеснувач на односите меѓу Русија и Западот“.
На ова листа на лидери секако се наоѓа и турскиот престедател Ердоган. Тој се понуди да посредува во кризата во Украина, откако разговорите во Виена, Брисел и Женева не дадоа конкретни заклучоци освен барањата на Русија до НАТО да се повлече до границата од 1989 година и да го запре процесот на проширување на исток. односно блокирање на потенцијалното членство на Украина.

На почетокот на февруари, Ердоган беше во посета на Киев, користејќи ја 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји како повод. На средбата со Владимир Зеленски, Ердоган рече дека го почитува суверенитетот на Украина, вклучително и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Ердоган дури понуди разговори меѓу Киев и Москва во Турција.
Војната меѓу Украина и Русија воопшто не би му одговарала на Ердоган, бидејќи во тој случај би требало да ја избере страната, што во пракса би значело дека треба да избере што ќе загуби.
Турција има подобри односи со Украина и добри, иако комплицирани, односи со Русија. Турција има корист од двете соработка, а тука е и прашањето за Црното Море.
Меѓутоа и Турција е зависна од рускиот гас, но и од туристите од Русија, кои се меѓу најбројните гости на турското крајбрежје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 + 5 =