Андоновиќ: Украинската криза влегува во финале: Дали „Путин ја направи најголемата грешка во кариерата“

You must need to login..!

Опис

Група сенатори од САД и ветија оружје на Украина за време на посетата на Киев, со предупредување до рускиот претседател да не презема офанзива врз таа земја.
„Мислам дека рускиот претседател Владимир Путин ја направи најголемата грешка во својата кариера потценувајќи колку храбро народот на Украина ќе се бори против него ако тој изврши инвазија“, изјави сенаторот Ричард Блументал во Киев .
Тој најави дека САД планираат да воведат сериозни економски санкции, но и дека ќе и испорачаат на Украина , смртоносно оружје што им е потребно за да ги брани животите на своите граѓани.

Тоа оружје, според ветувањата на американските сенатори може да вклучува противтенковски проектили Javelin, ракети Стингер, першадиско оружје и чамци.


„Нашата порака е: ќе има последици доколку тој одлучи да ја наруши светоста на оваа демократија“, додаде сенаторот Ејми Клобукар на средабата со уркаинскиот престедател Зеленски.

И Велика Британија најави дека ќе испорача противтенковски ракети со краток дострел на Украина за самоодбрана, бидејќи Русија има акумулирано околу 100.000 војници на границата, потврди Бен Валас, министерот за одбрана.

Тој ги информираше пратениците на британскиот парламент дека помала група војници ќе биде испратена во Украина за да помогне во обуката на тамошните единици.

Валас тврди дека постојат „оправдани и реални причини за загриженост“ дека руската војска на границата би можела да изврши напад.

Првиот контингент противтенковско оружје беше испратен во понеделникот, иако министерот за одбрана не откри детали. Тој потенцираше дека доставеното оружје е одбранбено и со краток дострел, не се стратешко оружје и не претставуваат закана за Русија бидејќи се користи за самоодбрана“,

Украинскиот амбасадор во Лондон ја поздрави одлуката на Британија да испрати оружје и војници, но за Би-Би-Си изјави дека најголемиот проблем е што неговата земја не е членка на НАТО алијансата.
И Канада испрати контингент од воените сили за специјални операции во Украина, објавија канадски медиуми, Според нив, таквиот потег е „дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада”.

Друга задача што им е доделена на специјалните сили е да ги евакуираат канадските дипломати во случај на влошување на ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот.Претходно медиумите објавија дека Канада испратила 200 војници во Украина за да помогнат во обуката на локалните војници.

Киев и неговите западни сојузници прогласија алармантна ситуација откако Русија изврши притисок врз САД барајќи безбедносни гаранции, вклучително и блокада на пристапот на Украина во НАТО.

Русија, од друга страна, засега негира дека планира нов воен напад, и обвинува дека токму Уркаина охрабрена од западот и пред се НАТО концентрира трупи и планира упад во регионите населени со руско населени Луганс и Донбас во Источна Украина.

Москва обвинува дека западот и Украина намерно сакаат да ја испровоцираат реакцијата на Москва , за која е неприфатливо НАТО да биде стациониран долж руската граница. Оттаму и барањата на Москва, која повикувајќи се на гаранциите добиени во 1997 година дека НАТО нема да се шири на исток особено не во поранепните советски републики. Изминатата недела се одржаа три состаноци меќу НАТО и Русија, и исходот од разговорите остаа ист. Москва бара, а НАТО одбива да вети дека ќе ја затвори вратат аза членство на државите апсиранти кои имаат амбиции да се интегрираат во алијансата. Токму останувањето на овие оизции ги засилува тензиите. Сега НАТО државите започнаа интензивно да и помагаат на уркаинсата армија за да се справи со евентуалната руска воена инвазија.

Русија ги обвини земјите-членки на НАТО дека ја вооружуваат Украина и ги означи САД како одговорна за подигање на тензиите во регионот.
Конфликтот меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинската армија на истокот на таа земја трае од 2014 година, иако е на сила примирје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 1 =