Андоновиќ: Турција се повлече од конвенвенцијата против семејното насилство – инат кон ЕУ или поинаков пристап во борбата

You must need to login..!

Опис

Илјадници луѓе, главно жени, протестираа вчера во Турција против излегувањето на нивната земја од Истанбулската конвенција, меѓународен договор за спречување на семејно насилство. Протести се одржаа во повеќе поголеми градови во Турција, меѓу кои Истанбул, Анкара и Измир. Демонстрантите сметаат дека со потегот на властите вп Анкара Турција го врати времето 10 години наназад во однос на правата на жените, Бројни домашни и меѓународни прганизации го осудија повлекувањето од Истанбулската конвенција сметајќи дека одлуката на Турција е „несовесна и опасна порака“ до насилниците дека може да ги избегнат казнитите за стореното насилство. Потегот веднаш беше осуден од ЕУ, САД и бројни групи за човекови права. Американскиот Стејт департмент оцени дека повлекувањето на Турција од конвенцијата е „длабоко разочарувачко“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го најави повлекувањето на Турција од конвенцијата во март годинава а одлуката официјално стапи во сила вчера. Турското раководство го објасни напуштањето на документот со тврдење дека тој бил киднапиран од оние кои сакале да ја „нормализираат хомосексуалноста“. Ердоган рече дека наводно некои во Турција сакаат погрешно да ја претстават одлуката како „чекор назад за државата“. – Нашата борба против насилството врз жените не започна со Истанбулската конвенција, ниту ќе заврши со нашето повлекување, вели турскиот претседател. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, таканаречената Истанбулската конвенција, е документ усвоен во 2011 година и потпишан од страна на 45 земји и од Европската унија. Оваа конвенција, се смета за клучен елемент во превенција на насилството врз жените и има за цел да ја утврди еднаквост меѓу мажите и жените. Конвенцијата обезбедува детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените.

Ердоган ја донесе ваквата одлуката и покрај тоа што бројот на убиства на жени во Турција е зголемен во текот на изминатата деценија, а потегот предизвика лутина кај организациите за заштита на правата на жените, како и критики од ЕУ, Вашингтон и Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Минатата година 300 жени биле убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, според Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жени“. Оваа година нема тренд на опаѓање, бидејќи досега биле убиени 189 жени, според податоците на здружението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 15 =