Андоновиќ: Турција и Русија признаа дека во Сирија имаат директен судир кој го водат преку посредници

You must need to login..!

Опис

Како што се очекуваше, Турција и Русија уште еднаш постигнаа договор околу состојбата во Идлиб, но што се однесува до конркетните детали, нив ги има малку, или се истакнува само еден: Од ноќеска треба да стапи на сила примирје или прекин на оган.

Со други зборови, Турција треба да ги спречи вооружените милитанти кои ги користи за своите операции на теренот, а Русија да ја запре офанзивата на сириската армија, на која ѝ дава воена, воздушна и логистичка подршка.

Практично, Турција и Русија уште еднаш потврдија дека судирите во Идлиб и Сирија воопшто, е нивен директен судир кој го водат преку посредници, констатира новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Состојбата изминативе денови се развива доста опасно, така што војната преку посредници ризикува да се претвори во директен вооружен судир, во кој барем засега не сакаат да се впуштат ниту Москва ниту Анкара.

Доколку пак и овој прекин на огнот пропадне, следната фаза нема да биде обновување на судирите меѓу сириската војска и милитантите. Ова би значело директен судир меѓу сириската и турската војска. Ердоган веќе најави испраќање на воени засулувања во Сирија. Ваквиот развој на настаните ќе ја врати опасноста Русија и Турција повтрно да играат на работ на меѓусебните судири.

Од друга страна, ако се одржи прекинот на огнот, следната од можните опции секако ќе биде отпочнување на жестоката дипломатска војна.

Русија, според изјавата на Путин, и натаму заговара решавање на проблемите кои би ги воделе исклучиво самите Сиријци. Оваа опција не му одговара на Ердоган, бидејќи поголемиот дел од Сирија е под контрола на Башар ал Асад. Со тоа во едни подолги преговори официјален Дамаск би го асимилирал Идлиб.

Турција и Ердоган ќе сакаат нешто друго. Целта би има била да се наметнат како заштитници на тамошното население.Со тоа источно од реката Еуфрат да создаде протурска енклава во северниот дел на Сирија, на што Башар ал Асад жестоко ќе се спротистави.

Во секој случај, борбата за Идлиб продлжува и сите опции се во игра. Што се однесува до руско-турските односи, без разлика на пријателските тонови меѓу Ердоган и Путин, тие се сериозно нарушени. Особено што една од опциите или излезна стратегија на Ердоган доколку ексалираат состојбите, е итен повик на САД и вклучување на НАТО е нешто што Русија мора да го земе предвид, доколку сака да продлжи да го развива сојузништвото со Турција.

Москва е е свесна дека со Турција може да се соработува, но таа соработка ќе остане за Русија подеднакво и важна и опасна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − six =