Андоновиќ: Третиот од серијата нон пејпери –во корист на Србија

You must need to login..!

Опис

Нов нон –пејпер, трет од серијата неформални документи деновиве беше пласиран во јавноста. Овој пат тој се однесува на Косово и неговиот статус, повторно, авторите не се познати, а документот го обелодени германскиот магазин ,,Зуерст“. Неформалниот документ до кој имаше пристап редакцијата, содржи 16 точки околу идниот косовски статус Според магазинот овој неформален документ претставува мал, дипломатски подвиг, бидејќи со него за разлика од претходните два нон –пејпери пласирани во јавноста, не се нарушува резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ООН во која бил о точка. Германското списание„ Зуерст “ ги објави и точките во дговорот кои предвидуваат Косово да остане во Србија уште 99 години, и во рамките на српската држава да добије специјален статус. Исто така предвдено е околу 873.000 косовски Албанци и граѓани на Косово да добијат државјанство на Република Србија. Се предлага да се одржат заеднички избори во Косово и Србија во април следната година, на сите нивоа а избраниот гувернер на Косово да ја добие функцијата заменик претседател на Националното собрание на Србија, пишува десничарскиот весник „Зуерст“, Во рамките на овие планови Белград е обврзан да гарантира посебен статус за покраината Косово. а безбедноста на надворешните граници заеднички ќе ја преземат официјалните претставници на Косово и Србија.

Како што се тврди, амбасадорот на Србија во ОН, според овој нон-пејпер, треба да има заменик назначен од приштинските власти. Овој нов документ, , се разликува од другите предлози по тоа што навистина може да ја оживее дебатата за иднината и меѓу косовските Албанци, оценува магазинот „Зуерст“ кој е близок до германската десница Новиот нон-пејпер предвидува Косово да остане покраина во рамките на Србија, но, тоа што е ново, е да биде постигнато партнерство меѓу Белград и Приштина, оценува магазинот. Во него се додава и дека, реализацијата на ваквото решение може да биде поткопана од Соединетите држави, бидејќи мирниот договор меѓу Белград и Приштина би значел потиснување на САД од Балканот. Овој нон пејпер експресно беше поздравен од официјален Белград, додека пак косовските власти засега не се произнесоа околу неговата содржина. Најновиот нон –пејпер е трет во серијата неформални докоументи кои изминатите недели беа обелоденети од страна на одредени медиуми. Првиот беше обелоденет од страна на структури блиски на словенечкиот премиер Јанез Јанша, а вториот од косовските медиуми. И во двата нон пејпери е содржана промена на постоечките граници на Балканот, што ги вознемири државите наведени во документот. Белград дополнително беше испровоциран од наводите дека Хрватска планира да испрати свои војници во рамките на мисијата на Кфор и да формира тренинг центар за идните косовски безедносни сили.

Овие најави содржани во претходните два нон пејпери беа протолкувани како провокација наЗагреб и подршка на косовските Албанци во нивните планови за некакво наводно етничко чистење на србите од Косово. Втора спорна точка која беше содржана во претходните два нон -пејпери беше и наводната иницијатива на , како што се вели, една моќна светска држава“ која се залага за повлекување на мисијата на Кфор од Косово. Оваа најава предизвика загриженост во Белград, што заедно со заложбите за стационирање на хрватската армија и изградбата на хрватската воената база на Косово би можела да го турне регионот во нов воен конфликт. Сепак генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и официјално ги информираше српските власти дека НАТО останува на Косово, така демантирајки ги шпекулациите пласирани од неформалните нон пејпер документи. И покрај шпекулациите кои веројатно се само пробен балон за тоа како ќе реагира јавноста, останува фактот дека секој замрзнат конфликт е опасен, а како доказ за тоа колку е опасно нерешавањето на замрзнатите конфликти е ексалирањето на израелско палестинските судири

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × one =