Андоновиќ: Трамп не се предава – ги повика своите приврзаници на митинг во Вашингтон на 6 јануари да го оневозможат доаѓањето на Бајден

You must need to login..!

Опис

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика своите приврзаници да се соберат во Вашингтон на 6 јануари во последен обид да извршат притисок врз Конгресот да не ја одобри победата на Џо Бајден на претседателските избори. Илјадници демонстранти се очекуваат во главниот град на САД на тој датум да изразат поддршка за претседателот во заминување и неговите обвинувања за масовни изборни измами на 3 ноември. Се очекува да присуствуваат и членови на крајнодесничарската „Прауд бојс“, кои чествуваа на сличен протест на 12 декември, во кој неколку лица беа прободени со нож, а десетици приведени. Трамп преку Твитер ги повика своите приврзаници да учествуваат на митингот, нарекувајќи ги изборите „најголемата измама во историјата на американската нација“. Во меѓувреме новонаименуваниот претседател Бајден го обвини Трамп за блокирање на транзицијата во националната безбедност Бајден ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, дека поставува „блокади“ за непречената транзиција на власта, особено за безбедносните прашања,

-Во моментов ние едноставно не ги добиваме сите информации што ни се потребни од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност., обвини идниот американски претседател Трамп одбива да го признае поразот на изборите во ноември. Тој не се сретна со Бајден и не е јасно дали и воопшто ќе се сретне пред инаугурацијата во јануари. Традиционално, администрацијата во заминување работи со тимот што доаѓа, за да помогне да се обезбеди непречена транзиција, во име на националниот интерес. Во меѓувреме представничкиот дом на американскиот конгрес го изгласа поништувањето на ветото кое пред некоклку дена го вложи сеуште актуелниот рпетседател Трамп а се однесува на законот за финанисрањето на одбрамбените програми вреден 740 милијарди долари По изјаснувањето на Претставничкиот дом каде мнозинството се демократи, на ред е по ова прашање да се изјасни и Сенатот каде се мнозинство републиканци. Ако се земе во предвид дека во Конгресот 109 републиканци ја подржаа иницијативата на своите демократски колеги против ветото на Трамп, се поизвесно е дека и во Сенатот ке помине подршката за поништувањети на ветото на Трамп за идниот буџет за одбрана Доколку и сенатот донесе идентична одлука ова ќе биде прво поништување на вето вложено од американски претседател.

За поништување е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгрсот За потсетување законот за финанисрање на одбрамбените програми треба да го регулира зголемувањето на платите на припадниците на американската армија , но и политиката на Секретаријатот за одбрана односно Пентагон во смисол на бројот на одбрамбените трупи, вооружените системи и кадровските прашања. Трамп го критикуваше буџетот тврдејки, без прецизно образложување, дека овој буџет оди во корист на Кина Но најголема забелешка на Трамп остана преименувањето на воените бази на САД во светото, кои носат имиња и називи на лидерите на Конфедерацијата, Јужниот дел на територијата на САД која за време на граѓанската војна 1861-1865. година сакаше да се отцепи. Исто така, забелешките се и околу правното олеснување за тужење на компаниите сопственици на социјалните мрежи за нивната објавена содржина како и изосото на помошта за за загрозените од пандемијата. Имено одобрени се 600 долари финансиска помош а Трамп се залагаше за озносот да биде 2000 долари, поради што тој го блокираше овој закон Сепак Трамп пред некој ден попушти и го потпиша законот за исплата на парична помош во износ од 600 долари по човек, што претходно го критикуваше.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − eleven =